Инфо

Вработените во „Фени“ ја добија октомвриската плата

Парите ги исплати швајцарската компанија „Гсол“ која е закупец на кавадаречкиот комбинат

четврток, 22 февруари 2018

Вработените во „Фени“ конечно ја добија октомвриската плата. Со четири месеци задоцнување вкупно 748 работници ги добија парите што им ги исплати закупецот на кавадаречкиот комбинат, швајцарската компанија „Гсол“. Октомвриската плата беше влезена во стечајната маса, а исплатата беше договорена со гранковиот синдикат СИЕР.

Платите за ноември и за декември на вработените во „Фени“ им ги исплатија банките-доверители на комбинатот, кои во меѓувреме ги плаќаа и сите трошоци за негово одржување сè до доаѓањето на „Гсол“.

Швајцарците уплатија 10 милиони евра како гаранција за рестартирање на производството во „Фени“, за исплата на плати на вработените, за покривање на трошоците и за набавка на руда. Компанијата преговара и со камионските транспортери на комбинатот за регулирање на нивните побарувања за да продолжи процесот на набавка на руда како би продолжило производството.
 

Содржината е прочитана 419 пати.