Инфо

Општина Центар и занаетчиите заеднички ќе ја заживуваат Старата чаршија

Градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од Еснафот, Мухамед Љамалари потпишаа Меморандум за соработка и договорија промовирање на занаетчиството

петок, 23 февруари 2018

Општина Центар и занаетчиите од Старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и подобрување на условите за работа на занаетчиството. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од Еснафот, Мухамед Љамалари.

Притоа тие договорија промовирање на занаетчиството и заживување на Чаршијата преку заеднички проекти и активности. На средбата беше нагласена потребата од ревитализација и осовременување на инфраструктурата на Старата чаршија и отворање нови можности за соработка.

Од Центар соопштуваат дека овие активности ќе го поттикнат доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, ќе придонесат за избалансиран развој на Општината, но и за зачување на традицијата и културата на Старата чаршија.
 

Содржината е прочитана 655 пати.