Инфо

УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување годишни даночни пријави

Новите шалтери се наоѓаат во општинските згради на Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и на Аеродром и во приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во зградата на ССМ

петок, 23 февруари 2018

Управата за јавни приходи (УЈП) отвори дополнителни шалтери за поднесување Годишна даночна пријава. Шалтерите се наоѓаат во општинските згради на Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и на Аеродром, како и во приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници во зградата на ССМ.

Годишните даночни пријави ќе можат да се поднесуваат на новотворените шалтери почнувајќи од понеделник, 26 јануари, па се до 15 март, во период од 8 до 16 часот, во Аеродром до 18 часот, а во Дирекцијата за големи обврзници, како и на шалтерите во Регионалната дирекција Скопје, спроти „Даре Џамбаз“, до 21 часот.

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот на бројот 0800 33 000 и 02/3253 200, или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.

Од УЈП информираат дека заклучно со вчерашниот ден се поднесени вкупно 85.031 годишна даночна пријава, а до истекот на крајниот рок се очекува да бидат поднесени над 400.000 пријави.
 

Содржината е прочитана 337 пати.