Инфо

Сугарески: „Изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица е во предвидените рокови“

Министерот за транспор ти врски, Горан Сугарески се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар и притоа го информираше за текот на реализација на проектите што се поддржани од Европската унија

петок, 23 февруари 2018

Изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица на Коридорот 10, што се реализира со поддршка од Европската унија, ќе се движи во рамки на предвидените рокови, го информирал министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески евроамбасадорот, Самуел Жбогар, соопшти Министерството за транспорт и врски. Притоа посочил дека преку законски измени олеснети се постапките за ставање на автопатот во функција.

На средбата, како што информираат од Министерството се разговарало и за изградба на пругата од Коридор 8, за проектот за реконструкција на 10-те железнички станици на Коридор 10, како и за втората фаза од експресниот пат Градско-Дреново, што е финансирана со грант од Европската унија.

„Како Влада максимално сме посветени на реализација на овие проекти, бидејќи поддршката што ни ја овозможува Европската унија е од огромно значење за економскиот развој на Република Македонија. Како Министерство за транспорт и врски задоволство ни е што имаме таков партнер и се надевам дека ваквата соработа ќе продолжи и во иднина“, рекол Сугарески.
 

Содржината е прочитана 314 пати.