Инфо

Повторно е воспоставена автобуската линија Скопје-Солун-Скопје

„Македонија сообраќај“ ќе сообраќа на оваа релација секој ден од Скопје во 17 часот, а од Солун во 8 часот наутро

понеделник, 26 февруари 2018

Од денеска повторно е воспоставена автобуската линија Скопје-Солун-Скопје. „Македонија сообраќај“ ќе сообраќа на оваа релација секој ден и тоа од Скопје само во 17 часот, а од Солун во 8 часот наутро.

Со тоа е решен проблемот со кој патниците се соочуваа веќе три недели поради укинувањето на линијата, па беа приморани да патуваат со воз до Гевгелија, а оттаму со автобус до Солун.
 

Содржината е прочитана 377 пати.