Инфо

Гранични контроли со едно застанување меѓу Македонија и Србија

Ќе се воведуваат заеднички контроли на надлежните органи на двете држави на премините Табановце-Прешево и Пелинце-Прохор Пчински

среда, 28 февруари 2018

Владата ја усвои информацијата за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и Република Србија на граничните премини Табановце – Прешево и Пелинце – Прохор Пчински.

„Оваа мерка е една од целите на повеќегодишниот акциски план за создавање регионална економска област на Западен Балкан, усвоен на Самитот во Трст од јули 2017 година. Тој, меѓу другото, предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли и гранични контроли со едно застанување, односно One-Stop Shop“, велат од Владата.

 

Содржината е прочитана 319 пати.