Инфо

Во последниот квартал од 2017 година имало 6.534 слободни работни места

Најголем број слободни работни места, односно 2.432 има во групата услужни дејности и продажба

петок, 02 март 2018

Во четвртото тримесечје од 2017 година стапката на слободни работни места во Македонија изнесувала 1,33 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој кватрал имало 6.534 слободни работни места.

Највисока стапка слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна - 2.432 слободни места, што е 2,85 отсто, додека најмала во Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што стапката изнесува 0,04 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места и таа изнесува 1,61 отсто.

Пелагонискиот регион има најмногу слободни работни места - 1.157, или 2,35 отсто, а најниска североисточниот само 148 односно, 0,67 отсто. Во скопскиот регион имало 3.332 слободни работни места при што стапката изнесувала 1,28 отсто.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 347 пати.