Здравје/ Убавина

Поддржете ја новата колекција на „Шалева“ со донација

вторник, 10 април 2018

Македонската дизајнерка Душица Петит која живее и работи во Париз,се претстави на минатото издание на Моден викенд-Скопје, со сопствениот бренд „Шалева“, кој почна да го развива веднаш по дипломирањето на одделот за висока мода на Есмод.Од досегашното креирање и последната колекција „Француска елеганција“, може да се забележи прецизната рачна изработка на моделите и елементи карактеристични за високата мода, но во моментов е преокупирана со создавање на првата prêt-a-porter колекција. За таа цел, како и повеќето млади дизајнери, се одлучи на crowdfunding системот, односно финансирање преку одреден сервис со цел комплетирање на проектот.

-Веќе неколку месеци работам на мојата прва prêt-a-porter колекција под брендот „Шалева“ и проектот ми е валиден на еден сајт за партитативно финансирање. На линкот на Ulule може да го погледнете проектот и ако сте во можност и да ја поддржите колекцијата.

Неколку креации се ставени на претпродажба со пониски цени од оние кога ќе бидат лансирани како колекција, а кој сака може да го поддржи проектот без купување на креација. Минималниот износ за поддршка е 5 евра – ни објасни Душица Петит која во моментов во Париз ја креира својата prêt-a-porter колекција.

На сајтот за финансирање може да ги погледнете скиците со моделите од колекцијата наречена Watch Me, а неколку прототип дизајнерката веќе ги фотографираше. Колекцијата е црно-бела графичка игра со оп-арт елементи, а ќе бидат користени луксузни материјали спрецијално специјално изработени и испечатени за оваа цел. Дизајнерката порачува дека креациите може да ги носат и машките. Проектот на Ulule е валиден до 19 април.

Линк: https://www.ulule.com/shaleva/

Содржината е прочитана 256 пати.