Бизнис вести

Компанијата „Кранфилд Фаундри“ ја зголемува инвестицијата во Македонија

Со потпшаниот анекс на договорот, компанијата ќе ја зголеми првично планираната инвестиција од 15 милиони евра на 20 милиони евра и ќе отвори најмалку 100 нови работни места

четврток, 06 септември 2018

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претседателот на „Кранфилд Фаундри“, Сергеј Кручинин потпишааа анекс на договорот за доделување државна помош на оваа компанија.

Со анексот, компанијата ќе ја зголеми првично планираната инвестиција од 15 милиони евра на 20 милиони евра и ќе отвори најмалку 100 нови работни места. Со реализација на целиот инвестициски проект планирано е во оваа компанија да се вработат до 280 луѓе.

Ќе се гради современа фабрика за леење железо во индустриската зона „Неокази“, општина Пробиштип. Фабриката ќе работи според највисоки еколошки стандарди и ќе испорачува производи главно наменети за автомобилската индустрија.

„Кранфилд Фаундри“ веќе ги заврши подготвителните градежни активности, ги потпиша договорите со добавувачите за производствениот капацитет и за набавка и инсталација на потребната опрема. Од компанијата информираат дека дел од машините за производство веќе се увезени во Македонија, а се договорени и првите нарачки со клиентите за испорака на производите.

 

Содржината е прочитана 81 пати.