Култура

Влезниците за концертот на Ерос Рамацоти од 1.990 до 3.990 денари

Билетите ќе бидат пуштени во продажба утре, а ќе може да се купат онлајн преку avalon.mk, како и на повеќе продажни места за Македонија и Косово

среда, 12 септември 2018

Влезниците за концертот на Ерос Рамацоти чинат од 1.990 до 3.990 денари, во зависност од местото во салата. Билетите ќе може да се купат веќе од утре, а концертот ќе се одржи на 30 септември 2019 година во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Најевтината влезница од 1.990 денари е за партер. За во фант пит, за каде има само 1.000 билети цената е 2.990 денари, а за трибина (блок 1 и блок 15) билетот чини 2.500 денари.

Во блоковите 2, 5, 6, 10, 11 и 14 има „силвер ситс“ и тие чинат по 2.990 денари, додека најскапиот билет од 3.990 денари е за таканаречените „голден ситс“ што ги има во блоковите 3, 4, 7, 8, 9 и 12.

Од организаторот, Авалон Продукција информираат дека влезниците ќе може да се купат онлајн преку avalon.mk, како и на повеќе продажни места за Македонија и Косово, како на пример: „Југотон“, „Тера Травел“ и ТА „Метфил“ во Скопје.
 

Содржината е прочитана 77 пати.