Бизнис вести
Дигиталната трансформација – централна тема на „Самит 100“ за бизнис-лидери од регионот
Премиерите на Србија и на Македонија, Ана Брнабиќ и Зоран Заев се првите кои го потврдија своето присуство на настанот, а преку видеоврска, порака до учесниците ќе испрати и Марија Габриел, европска комесарка за дигитални економија и општество

понеделник, 17 септември 2018
Дигиталната трансформација, односно, како, искористувајќи го потенцијалот на 4. индустриска револуција да се направи „квантен” скок кон развиен и глобално конкурентен регион е централната тема на седмиот „Самит 100“ за бизнис-лидери од регионот на кој ќе се формираат и нови иновативни проекти следејќи го развојот на дигиталната технологија.
Премиерите на Србија и на Македонија, Ана Брнабиќ и Зоран Заев се првите кои го потврдија своето присуство на настанот, а преку видеоврска, порака до учесниците ќе испрати и Марија Габриел, европска комесарка за дигитални економија и општество.
На Самитот експерти од регионот и Европа ќе зборуваат за мобилност на работната сила, енергетската одржливост и за брендирање на регионот, а ќе се разгледува и до каде се стигнало со реализацијата на досегашните регионални заеднички проекти „Едисон“, „Зелена Балканика“, „Free cargo“.