Бизнис клуб

Хуманата страна на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ

ЈСУ Здравствен дом – Прилеп ги искористи наменски донираните средства во висина од 3.150 евра што беа собрани на хуманитарната аукција на слики што се одржа на тематскиот ден „ДАМА-ДА“, а во која учествуваа членките на Клубот

среда, 03 октомври 2018

МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ ја одржа третата официјална средба на 27 септември 2018 година во хотел „Парк“. Во рамки на средбата беа промовирани новите членки на Клубот од топ 10-те најуспешни жени менаџери за 2017 кои беа прогласени на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.Македонија“ во март 2018 година.

На средбата беше претставена хуманитарната аукција на слики која беше дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што се одржа на 31 март 2018 година. На оваа аукција беа купени шест уметнички слики, пет од ЦСЛУ Прилеп и една, дело на Георгина Чакар, наша иселеничка во Астралија. Сликите ги купија три од жените меаџерки на Клубот: Мирјана Марковска од адвокатската канцеларија „Марковска@Андревски“, Слаѓана Стаменкова од „Елит Травел“ и Ена Норнилд од компанијата ДАН-МАК и козметичкиот салон „Мисс Ен“, а останатите три уметнички слики ги купи д-р Таше Трпчевски од болницата „Плодност“ од Битола.

Од продажбата на сликите беа собрани вкупно 3.150 евра, оносно, 195.300 денари, а средствата беа уплаќани директно на жиро сметката на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп.

ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп ги искористи наменски средствата што ги доби како донација. Директорката д-р. Оливера Аџиоска поднесе детален извештај за тоа каде се вложени добиените пари. Иако во почетокот намерата била средствата да се искористат за реновирање во Службата за Итна медицинска помош, сепак, со оглед на тоа што било предвидено зградата да се руши во догледно време, било одлучено да се пренаменат за моментално најнеопходните работи кои ќе бидат во полза на вработените, но, пред се, на пациентите.

Така, донираните пари биле употребени за поправки на повеќе делови од установата, но и за набавки на неопходни работи. Меѓу останатото, поставен е ламинат во четири простории, набавена е одредена медицинска опрема, купен е клима уред со инвертер во просторијата за интервенции и друго.

„Купените и поставени работи, можеби за некого изгледаат малку, но за нас претставуваат нешто огромно, за што сме ви многу благодарни. Од името на сите вработени во ЈЗУ Здраствен дом – Прилеп ви се заблагодарувам на вашата великодушност“, вели в.д.директорката д-р Оливера Аџиоска.
На средбата во рамките на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ беа претставени и плановите за организирање на следниот тематски ден „ДАМА-ДА“.

А, пред присутните над 60 членки на Клубот предавање одржа амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г-дин Милан Јазбец кој говореше на тема „Економијата и дипломатијата рака под рака“. По завршување на официјалниот дел, членките на Клубот и гостите продолжија со неофицијално дружење во прекрасна атмосфера во ресторанот FOUR.
 

Содржината е прочитана 255 пати.