Бизнис вести

Пратениците го изгласаа ребалансот на Буџетот

Со ребалансот три милијарди денари се реалоцирани за да се покријат долговите на општините, а 660 милиони денари за покривање на дупката во ПИОМ. Пари има и за Фондот за здравствено осигурување и за Агенцијта за вработување

понеделник, 12 ноември 2018

Со 53 гласа ЗА и 13 против Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот. Со него најголем дел од неискористените пари за капиталните инвестиции се пренаменуваат за отплаќање на дел од општинските долгови и за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Поточно, три милијарди денари се реалоцирани за да се покријат долговите на општините, а 660 милиони денари за покривање на дупката во ПИОМ. Средства ќе добијат и Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.

Ребалансот е изгалсан по жестока расправата во парламентот. Опозициските пратеници ја критикува власта дека изготвила ребаланс кој е нереален од секој аспект. Тие сметаат дека ваквото префрлање на парите за покривање на заостанатите општински долгови е непродуктивно и нема да донесе ефект, бидејќи само ја поддржува недоговорноста и неспособноста на градоначалниците да ги менаџираат општините со кои раководат.

Министерот за финансии, пак, Драган Тевдовски го правдаше ребалансот добрата кондиција на приходната страна на Буџетот и со стабилизираниот јавен долг. Со покривањето на општинските долгови, како што рече тој, ќе ја врати ликвидноста на фирмите, а со тоа ќе се придвижи економијата. Министерот беше категоричен дека ова претставува поддршка засега, додека во иднина ќе се обезбеди и ќе се воспостави механизам за проблемот со задолжувањето веќе да не се повторува. Општините, појасни Тевдовски, ќе може да ги проектираат сопствените приходи на основниот буџет со најмногу 10 отсто раст од просечната реализација во последните три години.

Образложувајќи го ребалансот на Буџетот Тевдовски рече дека во јануари годинава државата предвремено вратила речиси 92 милиони евра, со што бил намален износот за рефинансирање во 2020 година, а притоа била остварена и заштеда во каматни исплати.

„Во 2020 и 2021 година ќе имаме за враќање околу 833,3 милиони евра само по основ на три големи претходни задолжувања. Еврообврзница од 178,3 милиони евра издадена во 2015 година, еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2014 година и втора рата од PBG заем од 2013 година во износ од 155 милиони евра, плус други отплати на долгови на домашен и странски пазар“, рече Тевдовски.

 

Содржината е прочитана 132 пати.