Бизнис вести

Странските инвеститори сметаат дека зголемување на минималната плата ќе ја намали атрактивноста на Македонија

Делегацијата на германското стопанство во Македонија спроведе анкета меѓу македонски и странски компании што вршат индустриско производство

четврток, 14 февруари 2019

Делегацијата на германското стопанство во Македонија смета дека новиот закон за зголемување на минималната плата ќе влијае негативно врз атрактивноста на Македонија како локација за инвестирање и дека компаниите ќе се соочат со дополнителни давачки што не се навремено предвидени во нивните буџети.

Анкетата спроведена од Делегацијата на германското стопанство во Македонија покажала дека за 15 отсто од анкетираните компании зголемувањето во висина од 10 отсто е прифатливо, а 85 отсто сметале дека Владата треба да ги информира 12 месеци порано за законското зголемување на минималната плата. Додека 65 проценти од анкетираните одговориле дека зголемување не е земено во предвид во буџетот за 2019 година, имајќи предвид дека не биле навреме информирани. Сепак, за наголем дел од компаниите, дури 40 отсто прифатливо е зголемување во висина од три до пет отсто.

„Добиените резултати од оваа анкета се од големо значење за понатамошните одлуки за даночната и финансиската политика што се води сега, но и во иднина во Македонија. На почетокот на оваа година се изгласа Законот за зголемување на данокот на доход од 10 отсто на 18 отсто за примателите на плата повисока од 900 евра нето, доколку се донесе и законот за зголемување на минималната плата, повторно компаниите ќе се соочат со дополнителни давачи што не се навремено предвидени во нивните буџети“, наведуваат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Анкетата е спроведена меѓу македонски и странски компании што вршат индустриско производство. На прашањето колку од вработените добиваат минимална плата, 90 отсто од анкетираните компании одговориле дека само помеѓу еден и 10 отсто од вработените добиваат минимална плата,

 

Содржината е прочитана 222 пати.