Инфо

Бензините поскапуваат, дизелот останува со иста цена

понеделник, 18 февруари 2019

Од полноќ бензините добиваат нова, повисока цена, додека цената на дизелот останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според РКЕ, цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар, а на Еуросупер БС-98 за еден денар од литар. Така, од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по 62,50 денари, а Еуросупер БС-98 за 64,50 денари за литар. Цената на дизелот останува 60 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на горивата е во просек за 0,98 проценти.
 

Содржината е прочитана 145 пати.