Здравје/ Убавина

ДАМА-ДА ве поканува да присуствувате на предавањето на тема „Природата на адолесцентите - како функционира мозокот во тинејџерската возраст“ што ќе го одржи Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ

Претставникот на УНИЦЕФ и вршител на должноста постојан координатор на ОН во Република Северна Македонија, Бенџамин Перкс ќе одржи предавање на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот

вторник, 12 март 2019

На тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ ќе има едно интересно предавање насловено како „The essence of adolescents – how the teenage brain works“, односно, „Природата на адолесцентите - како функционира мозокот во тинејџерската возраст“.

Предавањето ќе го држи господин Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ и вршител на должноста постојан координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија. На предавањето интерактивно ќе можат да учествуваат и сите присутни кои ќе имаат можност директно да дадат свои видувања и да разменат сопствени искуства од тоа дали и колку е тешко да се воспитува адолесцент и дали и колку возрасните можат навистина да го разберат функционирањето на мозокот на еден тинејџер.

Бенџамин Перкс и како претставник на УНИЦЕФ и како вршител на должноста постојан координатор на ОНации во нашата држава се застапува за реформи кон целосно исполнување на меѓународните човекови права и за реализација на оддржливите развојни цели.

Во лично својство, тој е виш соработник во Јубилејниот центар на Универзитетот во Бирмингем, Обединетотот Кралство, што истражува и советува за образовни политики поврзани со развојот на карактерот и социјалните и емотивните вештини.

Тој е и претседател на Регионалната советодавна група за насилство врз децата, што промовира реформи во поддршка на примарната заштита и превенција во 21 земја во Европа и Источна Азија. Претходно беше претставник на УНИЦЕФ во Црна Гора, а има служено и во Грузија, Косово, Авганистан, Индија и Албанија. Во Авганистан, помогна за координарање на кампањата Назад во училиште во северниот дел од земјата, што овозможи три милиони деца, вклучувајќи и еден милион девојчиња да се вратат во училиште, а многу од нив дури и за прв пат да одат на училиште.

Има завршено постдипломски студии за меѓународни односи на Универзитетот во Кент, во Кентербери и неодамна заврши програма за кариера на Факултетот за образование на Харвард, за лидерство и образовни реформи.
 

Содржината е прочитана 165 пати.