Здравје/ Убавина

ДАМА-ДА ви ја претставува NovAge, новата козметичка линија за нега на кожа на шведската компанија „Орифлеим“

На тематскиот ден ДАМА-ДА што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ „Орифлеим“ ќе има свој штанд каде сите заинтересирани ќе имаат ексклузивна можност за бесплатно тестирање на кожата

четврток, 14 март 2019

Шведската компанија за производство на козметички производи за убавина „Орифлеим“ ќе биде дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот. На овој целодневен насан „Орифлеим“ ќе има свој штанд на кој ќе ја претстави најновата козметичка линија за нега на кожа NovAge и притоа на сите заинтерсирани ќе им понидо ексклузивна можност за бесплатно тестриање на сопствената кожа.

Основана во 1967 година, „Орифлеим“ е компанија за убавина, за директна продажба, во повеќе од 60 земји. Нејзиното опширно портфолио од шведски иновативни производи за убавина инспирирани од природата, се промовира преку околу 3 милиони независни консултанти и остварува годишна продажба од околу 1,3 милијарди евра. Почитта кон луѓето и природата лежат зад начинот на работа на „Орифлеим“ и се одликуваат во нејзините социјални начела и начела за природнaта средина. „Орифлеим“ поддржува повеќе добротворни цели ширум светот и е коосновач на Светската детска организација.

„Орифлеим“ е претпријатие од Луксембург и Швајцарија и е на листата на Шведската стокхолмска берзa
Со 50-годишно искуство и повеќе од 100 стручни соработници и најмодерени апарати за истражување и развој, шведската компанија „Орифлеим“ постојано открива нови решенија и формулации за да создаде прогресивни, иновативни производи кои ги следат потребите на современиот потрошувач.

Животот на „Орифлеим“ производите започнува во нивниот Институт за истражување на кожата каде се користат софистицирани научни методи за креирање на единствени и патентирани формулации кои им даваат предност пред конкуренцијата. Овие нови формулации потоа се проследуваат до експертите во нивниот Центар за развој на производи во Даблин, Ирска, кои имаат задача да креираат козметички формулации што ќе се вклопат во веќе постоечките „Орифлеим“ колекции, или кои ќе покренат комплетно нова колекција. Потоа формулацијата се испраќа во производство, со што станува достапна на нивните консултанти.
Во моментов, компанијата ја сочинува глобалната заедница од над 3,5 милиони консултанти во повеќе од 60 земји ширум светот. Нивниот константен успех се базира на врвниот квалитет на производи наменети за нега на кожа со врвни перформанси, преку Велнес производите за убавина одвнатре, па се до врвната декоративна козметика.

БЕСПРЕКОРЕН ИЗГЛЕД ОВОЗМОЖЕН ОД РЕВОЛУЦИОНЕРНА НАУКА

Ти сакаш да изгледаш најдобро - природно младо и здраво - секогаш.Кога ти изгледаш најдобро и се чувствуваш најдобро - и тоа се гледа на тебе.
NovAge ти нуди напредни линии за нега на кожа, создадени за да ги задоволат твоите потреби и да ги решат проблемите на твојата кожа - од најмалите до најдлабоките брчки.

Секоја линија е создадена од врвни технологии и екстракти од матични клетки што ти овозможуваат помлад изглед - идеална комбинација создадена за да го корегира и забави процесот на стареење на кожата.
Исто така ти овозможуваме рутина од 4 чекори која е создадена за да ги постигнеш најдобрите резултати - клинички докажаноΔ1.

NovAge ти го овозможува она што ти треба за да го оствариш потенцијалот на твојата кожа, за да имаш убав и здрав изглед на која било возраст.

Повелете на нашиот штанд и добијте ексклузивна можност за бесплатно тестирање на вашата кожа.
 
Содржината е прочитана 165 пати.