Инфо

Од идниот месец децата ќе може да се вакцинираат против пневмокок и рота-вирус

Во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани по 90 илјади дози од обете вакцини

среда, 12 јуни 2019

Од идниот месец родителите ќе можат да ги вакцинираат своите деца од пневмокок и рота-вирус.

Владата на вчерашната седница ја прифати информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на акцискиот план за воведување вакцинација за заштита од пневмокок и рота-вирус.

„Во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани по 90 илјади дози од обете вакцини. Почнувајќи од следниот месец, родителите што сакаат нивното дете да прими некоја од вакцините, ќе имаат можност за тоа“, велат од Владата.

Според Светската здравствена организација, вакцината против Streptococcus pneumoniae ги штити децата од тешки заболувања, како пневмонија, отитис и менингитис. А, со воведување на вакцинацијата против Rotavirus децата ќе бидат заштитени од тешка форма на дијареи, како и од компликациите предизвикани од нив.

 

Содржината е прочитана 118 пати.