Инфо

Завршени 133 проекти во рурални средини финансирани од ИПА

Вкупната вредност на овие проекти изнесува 16,9 милиони евра, од кои 12,7 милиони евра се грант – неповратни средства од Европската унија за развој на рурална инфраструктура, а се администрирани преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка

вторник, 09 јули 2019

Целосно се завршени градежни работи финансирани преку ИПА грантот за рурална инфраструктура, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, соопшти Министерството за финансии.

Станува збор за 133 капитални проекти реализирани во 78 општини во земјава, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и решавање на инфраструктурните проблеми.

Вкупната вредност на овие проекти изнесува 16,9 милиони евра, од кои 12,7 милиони евра се грант – неповратни средства од Европската унија, додека 4,2 милиони евра се обезбедени од Буџетот.

Најголем број од реализираните проекти се за изградба и реконструкција на локални патишта, за кои во 58 општини инвестирани се 12,4 милиони евра. Во изградба на јавни објекти инвестирани се 5,9 милиони евра, во комунална инфраструктура 3,8 милиони евра.

Голем дел од овие проекти се веќе ставени во употреба, додека дел од нив наскоро официјално ќе се пуштат во употреба.

Грант средствата за развој на рурална инфраструктура се обезбедени од Европската унија на барање на Владата, а истите се администрирани преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.
 

Содржината е прочитана 79 пати.