Инфо

Агенција „Марили“ и Клуб Матица ви ја нудат „Тајната на облаците“ од Алисон Ричман по половина цена

Летниот период е создаден за убави четива кои ќе ве збогатат духовно и ќе ја разбудат хуманоста во вас. Искористете го ваучерот во летното издание на Бизнис каталогот 2019 и набавете го ова извонредно дело со 50 проценти попуст. Каталогот со ваучерот може да се најде и во продажните салони на Матица

понеделник, 12 август 2019

Агенција „Марили“ и Клуб Матица ви ја препорачуваат прекрасната драма „Тајната на облаците“ од Алисон Ричман, нудејќи ви исклучителна можност да ја збогатите домашната библиотека купувајќи го ова прекрасно дело со 50 проценти попуст доколку го искористите ваучерот што е дел од новото летно издание на Бизнис каталогот 2019.
Каталогот, кој веќе излезе од печат, заедно со ваучерот може да се најде во продажната мрежа низ Македонија, како и во продавниците на Матица.

 Од пребогатата ризница на Клуб Матица со дела од најразлични жанрови, овој пат ви ја нудиме извонредната приказна за пријателството меѓу една наставничка и мало момче чија болест не му дозволува да оди на училиште, па наставничката ќе се согласи да му дава приватни часови и да го подучува. Отпрвин строго професоналниот однос, набрзо прераснува во топла пријателска врска споделувајќи ги моментите на среќа, радост и заедничка љубов кон пишаниот збор.

Кога директорот на училиштето ќе и предожи на Мери Топер да му одржува часови на Јуриј, малото момче – доселеник кое е премногу болно за да оди на училиште, таа не може ни да си замисли што ја очекува. И ќе се изненади кога ќе сфати дека таа, како наставничка, учи и научува многу повеќе од детето кое треба да биде нејзин ученик. Со него ќе ги дели сите мали мигови на среќа, љубовта кон бејзболот, кон книгите, ќе ги споделува Божикните празници, радости и веселби. Меѓу нив ќе се роди моќна и топла љубов која ќе постои се до мигот кога се ќе исчезне.

Колку треба да биде силна една мајка за да се соочи со неподносливата загуба? „Тајната на облаците“ е приказна што ќе ја скрши сечија рамнодушност. Таа, всушност, претставува хроника на едно вистинско пријателство проткаено со исчекувања, стравови и среќа.

Набавете ја книгата „Тајната на облаците“ искористувајќи го ваучерот во Бизнис каталогот 2019 на „Марили“ и спојте ги уживањето и едуцирањето.
 
Содржината е прочитана 242 пати.