Инфо

Спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија денеска добија нови плочки

четврток, 15 август 2019

Дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ добија нови имиња. На спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија денеска се поставени нови плочки на кои пишува дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство.

Истовремено како што беше наложено и сонцето од Вергина е тргнато од шахтите во Скопје.

Ваквиот потег на македонските власти е резултат на Преспанскиот договор, во чии рамки има посебен член што се однесува на симболите и историските личности што се дел од наследството на двете соседни земји.
 

Содржината е прочитана 337 пати.