Инфо

Горивата остануваат со иста цена

понеделник, 19 август 2019

Нема промена на цената на горивата оваа недела. Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страница го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.

Според новиот ценовник и бензините и дизелот остануваат со иста цена. Тоа значи дека Еуросупер БС–95 и Еуросупер БС–98 ќе се продаваат по 66,50, односно пи 68,50 денари литар, додека Еуродизел (Д-Е V) ќе се точи по цена од 60,50 денари литар.
 

Содржината е прочитана 273 пати.