Инфо

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар

понеделник, 16 септември 2019

Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат во просек за 1,48 отсто, одлучи Регулаторната комисија за нергетика (РКЕ). Со тоа бензините поскапуваат за половина до еден денар за литар, а дизел горивата за еден денар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69,5 денари за литар, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар и ќе изнесува 67,5 денари литар.

За еден денар ќе поскапи и дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и новата цена ќе изнесува 62,5 денари литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 52,5 денари за литар.

Со одуката на РКЕ за 0,494 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 31,641 денари.

Причина за зголемувањето на цените на горивата се повисоките цени на дериватите на светскиот пазар и тоа за 2,94 отсто повисоката просечна цена на бензинот и за 3,42 отсто на дизелот, како и за 0,076 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Содржината е прочитана 96 пати.