Инфо

Комисија за заедничко управување меѓу Македонија и Албанија со природното и културното наследство во Охридскиот регион

Двете држави ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на регионот заштитен од УНЕСКО

вторник, 17 септември 2019

Ќе се Формира меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Ова било договорено на работните средби што вчера во Тирана ги имал министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО со министерите за култура и за животна средина на Албанија, Елва Маргарити и Бленди Клоси.

На состаноците, како што соопшти владината прес-служба министрите ја реафирмирале одлучноста на двете земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство.

Министерот Адеми остварил средба и со претставници на албанското Министерство за надворешни работи, на која, како што се веи во соопштението, било заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

Во тој контекст Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

 

Содржината е прочитана 51 пати.