Бизнис вести

Третиот меѓународен бизнис настан Macedonia Manufacturing Expo 2019 ќе се одржи на 25 и 26 септември во Скопје

Настанот кој годинава за првпат има регионален карактер и на кој ќе учествуваат вкупно 130 компании од регионот и од ЕУ, ќе се состои од три дела – Б2Б средби, саемски дел и едукативен дел

петок, 20 септември 2019

На 25 и 26 септември 2019 година во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе се одржи третото издание на меѓународниот бизнис настан MACEDONIA MANUFACTURING EXPO 2019!

Оваа година за првпат настанот има регионален карактер и на него ќе учествуваат вкупно 130 компании од регионот и од Европската Унија.

Од тимот на Macedonia Manufacturing Expo 2019 појаснуваат дека настанот се состои од три дела и тоа:

1. Организирани Б2Б средби
2. САЕМСКИ дел со повеќе од 20 излагачи
3. ЕДУКАТИВЕН дел со девет панели наменети за пошироката индустрија во Македонија на кои ќе се обратат 40 панелисти меѓу кои: Јован Деспотовски - ФИТР, Маја Коистра – ЕБРД, Калин Бабушку – „Македонија експорт“, д-р Благоја Самакоски – „Микросам“, д-р Иван Штериев - Македонска берза, д-р Никица Мојсоска-Блажевски – „Македонија2025“, Александра Дилевска – „Публицис Груп“, Владо Ковачевски - Халк банка, Ѓино Шкријељ - МИФА, Виктор Мизо – „Костал Македонија“, Аврам Стојчевски – „Ван Хул Македонија“, Владимир Анчев – „Брако“, Горан Саздов – „Динамик“, Патрик Мартенс - АХК, Орде Ѓоргиоски – „Витаминка“, Волфганг Ајхер – „Маркард“ и многу други.

Учеството на Macedonia Manufacturing Expo 2019 како посетител е бесплатно и секој може да присуствува на било кои панели по сопствен избор.

Заинтересираните треба да го потврдат своето учество на овие е-маил адрси mng@zavar.com.mk или на contact@mamei.mk
 

Содржината е прочитана 121 пати.