Македонија

Просечната плата порасна за 4,3 отсто и достигна износ од 25.104 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37.268 денари

петок, 20 септември 2019

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,3 отсто во однос на јули лани.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10,6 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 9,8 отсто и транспорт и складирање за 7,4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во дејностите во врска со недвижен имот за 2,1 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 1,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2019 година, изнесува 37.268 денари.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 61 пати.