Инфо

ТВ водителката Марија Георгиевска доби признание за медиумска поддршка на македонските органски производители

Признанието и беше доделено на Меѓународниот саем на органска и традиционална храна „Органска трпеза“ што се одржа во Куманово

понеделник, 23 септември 2019

Марија Георгиевска, уредник и водител на економската емисија ПРОФИТ на Наша ТВ доби признание за континуирана медиумска поддршка на македонското органско производство. Признанието и го доделија Здружението на развој на земјоделството, заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитетот „Живот“ и Меѓународниот саем на органска и традиционална храна „Органска трпеза“ што се одржа во Куманово со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост IME, имплементирана од страна на „Паладиум“, Амбасадата на Швајцарија, локалната самоуправа.

„Медиумите имаат значајна улога во процесот на информирање на потрошувачите за вредноста на македонското органско производство. Големиот потенцијал кој што го има македонското земјоделство за квалитетни органски производи треба да биде мотив за сите да се поддржат производителите преку купување на нивните органски производи, со што ќе дадеме придонес за да можат да се развиваат. Како уредник и водител на емисијата ПРОФИТ, континуирано работам на теми со кои ги промовираме успешните компании, производители, со што сакам да влијаеме на свеста на потрошувачите да ги ценат и да ги купуваат овие произвои“, рече Георгиевска .и додаде дека дел од поддршката се и манифестациите и саемите како што беше и овогодинешната „Органска трпеза“.

На манифестацијата се потврди заложбата на сите производители да се зголеми интересот на граѓаните за купување органски производи и тие да добијат поголема институционална поддршка за да можат да инвестираат во поголем развој. Ваквиот настан претставува можност на едно место да се соберат производителите и на органски производи и на традиционалната храна и да разменат искуства, со цел да се развиваат подобро. На овој саем беа присутни производители – компании и земјоделци од Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска и од Словенија.

 

Содржината е прочитана 414 пати.