Инфо

Горивата поскапуваат од 1,5 до 2,5 денари за литар

понеделник, 23 септември 2019

Од ноќеска на полноќ поскапуваат гориваѕа за 1,5 до 2,5 денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми малопродажната цена на бензините од два до 2,5 денари, а на дизелот за 1,5 денар.

Тоа значи дека новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 72 денари, додека Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапи за еден литар и новата цена ќе изнесува 53,50 денари за литар, додека ќе има зголемување и кај цената на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 308 пати.