Инфо

Град Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот

Надлежните ги известуваат физчките и правни лица кои имаат неплатен долг за данок на имот или за комунална такса за фирмарина за 2018 дека доколку не си ги одмират обврските ќе им бидат блокирани сметките

вторник, 24 септември 2019

Град Скопје ги информира граѓаните, физичките и правните лица дека почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишен данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година. Ваквиот потег на Градот е во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноци на имот.

„Во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат, на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 година Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници“, се вели во соопштението на Град Скопје и уште еднаш се потсетуваат сите даночни и таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови дека треба е да ги надмират своите обврски.

Во спротивно, на оние кои нема да го подмират долгот и по добивањето на ваквото решение, ќе им бидат блокирани сметките.
 

Содржината е прочитана 126 пати.