Инфо

Горивата поевтинуваат за еден денар од литар

понеделник, 30 септември 2019

За еден денар од литар поевтинуваат горивата од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 71,00 денари литар.

Литар Еуродизел (Д-Е-V) ќе се продава по 63,00 денари, додека, пак, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,50 денари.
 

Содржината е прочитана 236 пати.