Инфо

Од утре паркиралиштата на „Градски паркинг“ со зимско работно време

понеделник, 30 септември 2019

Паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје од утре ќе работат со зимско работно време.

Зимското работно време важи за зоните А, Б и Ц и тоа од понеделник до петок од 07:00 до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот

Во зоната Д работно време останува непроменето, односно од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот.

 

Содржината е прочитана 102 пати.