Инфо

Лековите „Ранитидин“ и „Ранисан“ на „Хемофарм“ повлечени од аптеките во Македонија

Српската компанија за лекови објави дека поради предострожност е донесена одлука за повлекување на сите серии на лекот „Ранитидин“ од пазарот, откако Европската агенција за лекови предупреди дека се пронајдени нечистотии во супстанцата на лекот ранитидин хидрохлори

вторник, 01 октомври 2019

Лекот „Ранитидин“ и „Ранисан“ на „Хемофарм“ е повлечен од употреба од аптеките во Македонија, јави ТВ Канал5.

Српската компанија за лекови „Хемофарм“ претходно објави дека „поради предострожност и со цел заштита на јавното здравје“ донеле одлука за „доброволно и превентивно“ повлекување на сите серии на лекот „Ранитидин“ од пазарот, откако Европската агенција за лекови предупреди дека се пронајдени нечистотии во супстанцата на лекот ранитидин хидрохлорид – со назив Н-нитрозодиметиламин (НДМА). Лекот е повлечен од сите земји каде бил доставен.

„Европската агенција за лекови, во тесна соработка со националните агенции за лекови ќе ги провери сите готови лекови што содржат активна супстанција ранитидин хидрохлорид од различни производители. Контролата е почната на 12 септември. Наодот ќе го почитува и ’Хемофарм’, кој работи во согласност со европските принципи”, се вели во соопштението од српската компанија за лекови.

Нитрозамини се ставаат во супстаниции кои што можат да предзвикаат канцер. Во случајот со „Ранитидинот“ треба дополнително да се испита дали пациентите кои користат лекот се под било каков ризик од Н-нитрозодиметиламин.

Инаку, лековите кои содржат ранитидин како активна супстанција имаат широка примена кај болни со состојби на чир на желудник со цел намалување на создавање на желудечна киселина.

 

Содржината е прочитана 324 пати.