Инфо

Здружението „Вина од Македонија“ официјално ќе ја промовира првата „Балканска винска мрежа“

Во петок ќе стартува реализација на проектот „Виното како мост што ги поврзува земјите од Западен Балкан“, настан кој е од исклучителна важност за винската индустрија во земјата и во регионот

среда, 02 октомври 2019

Здружението „Вина од Македонија“ (Wines of Macedonia) на 4 октомври официјално ќе ја основа „Балканската Винска мрежа“ и ќе стартува со реализација на проектот „Виното како мост што ги поврзува земјите од Западен Балкан“.

На настанот, кој е од исклучителна важност за винската индустрија во земјата и во регионот, а ќе се одржи во М6 едукативниот центар во Скопје од 10 до 13 часот, ќе бидат присутни голем број здруженија на вински производители, сомелиери и организатори на вински настани од целиот Балкан кои во наредниот период ќе работат на заеднички проекти поврзани во развој на винска индустрија, развој на лозарството, развој на винскиот туризам, како и теми кои се поврзани со идентификување на проблеми во сите сфери и нивно заедничко надминување.

Организации од Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово ќе потпишат меморандум за соработка со цел да ги спроведуваат сите дефинирани активности.

На настанот како гости ќе бидат присутни и лица од Бугарија, Словенија, Грција и Романија кои во иднина ќе соработуваат во насока за развој на Балканот како вински регион.

Поканети се и амбасадорите на земјите од Западен Балкан, претставници на институции во областа на винската индустрија и туризмот.

 

Содржината е прочитана 286 пати.