Инфо

Половина денар поевтин Еуросупер БС-95

понеделник, 14 октомври 2019

За половина денар ќе биде намалена цената на Еуросупер БС-95, додека останатите горива ќе останат со иста цена, одлучи Рулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 останува 70.00 денари литар, а Еуродизел (Д-Е-V) 62.00 денари литар.

За еден денар се намалува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) со што малопродажната цена ќе изнесува 50,50 денари литар.

 

Содржината е прочитана 83 пати.