Инфо

Минималната плата се зголемува на 14.500 денари

Премиерот Заев вели дека Владата останува на проекциите до крај на мандатот минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари

вторник, 15 октомври 2019

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата со цел да се подобри животниот стандард на работникот и да се намали сиромаштијата.

„Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, а сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 и ќе изнесува 14.500 денари. Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата, внимателно ги следиме сите мерки и ќе продолжиме со нив за да може стопанството да ги следи истите. Сите треба да работиме ако сакаме повискои плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека како влада остануваат на проекциите до крај на мандатот да ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев истакна дека растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјата, како и дека нивото на минималната плата е приближно на нивото во другите земји во регионот.

 

Содржината е прочитана 266 пати.