Инфо

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“

петок, 18 октомври 2019

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје денеска, по спроведеното тајно гласање ги објави добитниците на наградата за 2019 година.

Годинава од областа на науката наградена е проф.д-р Христина Спасевска, од областа на хуманитарната активност д-р Жикица Ѓорѓиевски, од областа на културата д-р Дита Старова Ќерими, од областа на уметноста добитници се Фросина Зафировска и Бисера Чадловска, а од областа на публицистиката Ерина Богоева и Александар Трајковски. Добитници на 13-ноемвриската награда од областа на спортот се карате клубот „Работнички“ и борачот Алили Бесир, а со ова престижно признание ќе бидат наградени и учениците Ана Марија Атанасовска и Стефан Стојковиќ и двајцата од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“.
 

Содржината е прочитана 261 пати.