Инфо

Бензинте поевтинуваат, дизелот со иста цена

понеделник, 21 октомври 2019

Бензините поевтинуваат од еден до денар и половина, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменета цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава за еден денар поевтин, односно за 66,50 денари по литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе се намали за 1,50 денари и ќе изнесува ќе биде 68,50 денари литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,740 денари по килограм, па мазутот ќе се продава по 32,954 денари килограм.
 

Содржината е прочитана 113 пати.