Инфо

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со непроменета цена

понеделник, 28 октомври 2019

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од ноќеска на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 67 денари, додека Еуросупер БС-98 за 69 денари.
Малопродажната цена на дизелот и понатаму ќе изнесува 62 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари литар.

Цената на мазутот се намалува за 0,122 денари по килограм и во наредните денови ќе се продава по 32,832 денари по килограм.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатите седум дена.

 

Содржината е прочитана 274 пати.