Инфо

Горивата поскапуваат за половина до еден денар за литар

понеделник, 11 ноември 2019

Горивата од ноќеска на полноќ ќе имаат нови повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Бензинот БС-95 ќе поскапи за еден денари, додека БС-98 и дизелот за половина денар од литар.

Според тоа Еуросупер БС-95 ќе се продава по 68,50 денари литар, а Еуросупер БС-98 по 70,50 денари литар. Малопродажната цена на дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 62,00 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,50 денари литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 ден за килограм и ќе изнесува 33,340 денари килограм.
 

Содржината е прочитана 273 пати.