Инфо

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот со иста цена

понеделник, 18 ноември 2019

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар по литар, додека дизелот останува со иста, непроменета цена.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,00 денари, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 70,00 денари литар.

Литар Еуродизел (Д-Е V), пак, и натаму ќе се продава по 62,00 денари, а екстра лесното масло за домаќинство по 50,5 денари.

Ќе поскапи и мазутот M-1 HC и тоа за 0,004 денари по килограм со што новата цена ќе изнесува 33,344 денари за килограм
 

Содржината е прочитана 69 пати.