Инфо

Од следното лето поевтин роаминг со Грција

четврток, 05 декември 2019

Од следното лето граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

„Она што можам да го најавам пред стартот на следната летна туристичка сезона е дека имаме соработка со дел од операторите кои функционираат во двете земји и дека граѓаните ќе имаат доста намалени цени за роаминг со Грција“, изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата посветена на Стратегијата за јавна администрација 2018-2022.
 

Содржината е прочитана 222 пати.