Инфо

Бесплатно чипирање на милениците до Нова година

Според АХВ, досега се чипирани вкупно 72.311 миленици од кои најмногу кучиња

четврток, 05 декември 2019

До крајот на годината секој сопственик има можност бесплатно да го чипира својот домашен миленик. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна кампања за благосостојба на животните, за што автобусот што сообраќа на релацијата Автокоманда – Сарај е облепен со паролите.

Секој одговорен сопственик треба да ги микрочипира домашните миленици, а нивното напуштање е казниво со закон, се двете пораки кои од денеска во наредниот еден месец по скопските улици ќе ги пренесува автобусот број „2“ како дел од кампањата на АХВ.

Кампањата е за одговорно сопствеништво, официјално почнува денеска и е во рамки на ИПА проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”. Акцентот на предвидените активности (работилници и едукативни настани со деца) е ставен на потребата од стерилизација и микрочипирање на милениците како едни од основните мерки за намалување на популацијата бездомни животни.

Според АХВ, досега се чипирани вкупно 72.311 миленици од кои најмногу кучиња.
 

Содржината е прочитана 264 пати.