Инфо

Бензините поевтинуваат за 1,5 денар, дизелот со иста цена

вторник, 10 декември 2019

За 1,5 денар по литар поевтинуваат бензините, додека дизелот останува со иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа од ноќеска на полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 69 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, што значи дека литар дизел и натаму ќе чини 61,50 денари, а литар Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,50 ден/лит.

Мазутот од полноќ ќе чини 34,478 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 83 пати.