Здравје/ Убавина

Регистрирани 56 случаи со заразна жолтица

Од пријавените има 13 ученици во осум училишта, но за среќа нема ниту една пријава во градинките

петок, 13 декември 2019

Дури 56 случаи со заразна жолтица се регистрирани во Скопје од први септември. Оваа бројка е многу повисока од минатата година кога имало 28 заболени, што претставува аларм и не ја исклучува можноста да биде прогласена епидемија.

Од пријавените случаи, 47 се лекувале или се лекуваат болнички, додека другите се на домашно лекување. Има 13 ученици во осум училишта, но за среќа, нема ниту една пријава на заразна жолтица во градинките.

Случаите меѓу себе не се поврзани, освен во едно семејство каде имало тројца заразени од жолтица.

Инкубацијата на жолтица трае четири недели, две недели кога без никакви симптоми заболениот може да ја пренесе и две недели после заблувањето. Првите симптоми се слични на настаника, омалаксаност, болки во зглобови, мачнина, а потоа доаѓа до пожолтување на кожата на телото и на белките во очите.
 

Содржината е прочитана 312 пати.