Инфо

Кошаркарската федерација ќе добие 100.000 евра од Државна видеолотарија

Од вкупната сума 5.535.000 денари се донација , а 615.000 денари се спонзорство

среда, 18 декември 2019

Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) ќе добие 6.150.000 денари од Државната видеолотарија во вид на донација и спонзорство.

„Големо е задоволството да се има партнер како Државна видеолотарија. Компанијата прва застана зад нас со добра сума пари кои ќе бидат поделени на сите репрезентации, а најмногу на сениорската“, изјави на заедничката прес-конференција Перо Антиќ, претседателот на КФСМ.

Дел од парите ќе бидат спонзорство, а дел ќе бидат донација, објавија партнерите на Федерацијата.

„Во нашите заложби за унапредување на спортот, пронајдовме простор за една убава соработка со КФСМ. Државна видеолотарија станува силен поддржувач на националните А селекции во кошарка, нашите најважни претставници на меѓународната сцена. Со донација од 5.535.000 денари и спонзорство од 615.000 денари, ние јасно ја поддржуваме визијата на КФСМ, овозможувајќи им на кошаркарите прецизно да нишанат кон кошот додека ги бранат репрезентативните бои на нашата земја“, рече Виолета Чадиковска од Државна видеолотарија.

КФСМ му се заблагодари на новиот партнер за финансиската помош и идната соработка.

„Најдовме партнер кој ги препозна заедничките цели и се надевам дека соработката ќе продолжи уште долги години. Дел од парите се ваучер систем, а дел се од спонзорство“, потенцираше генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 223 пати.