Инфо

Од утре поскапи горива за половина до еден денар од литар

понеделник, 23 декември 2019

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,25 проценти, односно, од половина до еден дeнар од литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Поточно, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 0,50 денари литар и ќе се продава по 67,50 денари, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар и ќе чини 70,00 денари литар.

За еден денар се зголемува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), па еден литар ќе се продава по 62,50 денари како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 51,5 денари литар.

За 1,932 денари по килограм поскапува мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе се продава по цена од 37,339 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 207 пати.