Инфо

Стојанче Стоилов и Сара Радичевска прогласени за најуспешни спортисти на Скопје

среда, 25 декември 2019

Градот Скопје ги додели признанијата на најуспешните спортисти на Град Скопје за 2019 година. На манифестацијата, што ја организираше Сојузот на спортови на Скопје, а на која беа прогласени најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа присуствуваше заменик – градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи.

Стојанче Стоилов од АД Ракометен клуб „Вардар“ и Сара Радичевска од Карате клуб „Макпетрол“ се прогласени за најдобри спротисти во сениорска категорија. Останатите спортисти кои добија признанија во истата категорија (жени и мажи) се: Сајра Морина – Карате клуб „Кеикс“, Дрита Ислами – Атлетски клуб „Работнички“, Адријана Поп Арсова – Маратон Клуб Делта, Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб „Бутел“, Петар Заборски – Карате клуб „Макпетрол“, Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб „Вардар“,.Елмедин Сејфулахи – Боречки клуб „Лирија“ и Могамедгаџи Нуров од Боречки клуб „Вардар“.

За пет најуспешни спортисти во младинска категорија (мажи и жени) прогласени се: Миа Тодорова од Кикбокс клуб „Шампион“, Ангела Мојсовска – Карате клуб „Макпетрол“, Филип Додевски – Таеквондо клуб „Бутел“,. Петар Спасеновски – Карате клуб „Макпетрол“ и Бесир Алили – Боречки клуб „Лирија“.

Во категоријата најталентиран млад спортист - кадет за 2019 година наградата отиде во рацете на Александра Симева од Тениски клуб „Тенис парк“, а за најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје е прогласен Даинис Криштопанс од АД Ракометен клуб „Вардар“,

За најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби признанија добија: Марио Мицковски – Специјална олимпијада и Стефан Прентовски – Специјална олимпијада

За најуспешна спортска екипа од Скопје е прогласена АД Ракометен клуб „Вардар“, додека во категоријата

Најуспешен тренер признанието отиде во рацете на Суфијан Исмаили од Боречки клуб „Лирија“.

„Денеска ја продолжуваме традицијата на Град Скопје – доделување на годишните награди за најуспешните во областа на спортот, кои со своите постигнувања ја одбележуваат годината што изминува. Од срце ви честитам за постигнатите резултати за почит, резултати за голема афирмација на главниот град и на Република Северна Македонија. Како што доликува, вие и понатаму ќе ја имате нашата поддршка – финансиска, логистичка и морална, за да се радуваме и да ги славиме спортските успеси“, рече Малиќи и потенцираше дека Град Скопје најмногу ќе вложува во развој на средноучилишниот спорт.

 

 

Содржината е прочитана 219 пати.