Инфо

Горивата поскапуваат за половина до еден денар од литар

понеделник, 30 декември 2019

Нафтените деривати од полноќ ќе имаат нови цени повисоки за половина до еден денар од литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар и ќе изнесува 68,50 денари литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар по литар. Тоа значи дека од ноќеска на полноќ литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 70,50 денари, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 63,00 денари за еден литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,00 денари литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,904 ден за килограм и ќе чини 38,243 денари.

 

Содржината е прочитана 216 пати.