Инфо

Дизелот поевтинува 1,5 денари, бензините со непроменета цена

понеделник, 20 јануари 2020

Дизелот поевтинува за 1,50 денари од ноќеска на полноќ, додека цената на бензините останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според олуката, литар дизел ќе чини 61 денар, „Еуросупер-95“ и оваа недела ќе се продава по 68 денари, а „еуросупер-98“ по 70 денари за литар.

Од полноќ се менува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) која се намалува за 1,50 денари и ќе изнесува 50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари килограм.

 

Содржината е прочитана 198 пати.