Инфо

Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар

понеделник, 27 јануари 2020

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ги намали цените на горивата од половина до еден денар од литар.

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар, додека на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар.

Тоа значи дека новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,5 денари за литар.

Дизелот ќе се продава по 60 денари, а екстра есното масло за домаќинство по 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,490 денари и ќе изнесува 36,395 денари за килограм.

 

Содржината е прочитана 180 пати.